Едно лице е приведено на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ одржан на Граничниот премин Табановце.
Како што дознава Кумановски Муабети од полициски извори, се работи за лицето Ф.Ф. долгогодишен член на партијата, кој заедно со своите сопартијци при обид да го блокира граничниот премин нападнал полициски службеник, при што е истиот е приведен, а припадникот на СВР Куманово се здобил со повреди.
Засега нема детали од полицијата, но според неофицијални информации, Ф.Ф. е во СВР Куманово, додека во меѓувреме се водат активни преговори во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ протестот да се префрли пред Основниот суд Куманово.
https://youtu.be/HL3oU_pX1uM