Ќе се рушат сите дивоградби во Куманово, најави Димитриевски
On:
Сподели со своите пријатели
Нелегално поставените урбани објекти од угостителите во Куманово, наскоро ќе бидат отстранети, откако ќе заврши контрола врз сите издадени решенија во текот на изминатите години, најави денеска градоначалникот Максим Димитриевски.
Како што најави Димитриевски, негова цел е да се стопираат дивоградбите кои во Куманово ги има околу 5.000, а кои благодарение на Законот за легализација на дивоизградени објекти се злоупотребува од страна на инвеститорите, кои градат нови објекти, а истите подоцна ги легилизираат.
– На тој начин прават оштетување на општинскиот буџет бидејќи се плаќаат помали суми по однос на надокнада за легализација на дивоизграден објект, додека тоа кога би одело организирано би требале да плаќаат согласно одредбите полна цена за комуналии. Кога зборуваме за дивоизграден објект и објект со пречекорување на градба имаме и поголем број на угостителски објекти во општината кои што имаат спротивно на правилникот за поставување на урбана опрема на јавни прометни површини уредени, доредени делови на централното градско подрачје и вон централното градско подрачје, комуналната инспекција согласно законските овластувања треба да ги нотира сите тие случаи и да им издаде решение за отстранување на истата опрема, а во спротивно доколку истите инвеститори не ја отстранат комуналната инспекција да спроведе постапка за уривање, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Според Димитриевски, угостителските објекти треба да го почитуваат правилникот за поставување урбана опрема, во спротивно инспекциските служби мора да дејствуваат на терен, а доколку не го сторат тоа тој самиот ќе преземе иницијатива како нивен претпоставен.