Саудискиот принц Мухамед бин Салман е мистериозниот купувач на луксузната француска куќа во близина на Версај за 320 милиони долари, пишува Њујорк тајмс.
По бројните шпекулации и нагодувања кој би можел да биде купувачот на сликата од Да Винчи, „Спасителот на светот“, која е платена 450 милиони долари, и наводите на „Волстрит џурнал“ дека тоа е саудискиот принц бин Салман, неговото име сега се споменува и во случајот со мистериозниот купувач на куќа близу Версај.
СИТНИЦА: Багажот на саудискиот крал тежок како 200 афрички слонови
„Њујорк тајмс“ пишува дека документиран траг од купувањето на луксузната градба од 2015 година води преку неколку сомнителни компании до саудискиот принц.
Куќата близу Версај е исклучително луксузно опремена со вински подрум, кино, канали и подводни простории.
Чини 320 милиони долари, а магазинот „Форчун“ го нарекува најскапа куќа во светот.
Нејзиниот купувач не е познат, меѓутоа „Њујорк тајмс“ наведува дека документите покажуваат дека истата е во сопственост на инвестициска компанија, која ја овид личната фондација на принцот.


