Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен со почеток во 19 часот го пречекуваат составо на Блокотехна во рамките на 10то коло од домашниот шампионат.
Натпреварот започнува во 19 часот, а убедлив фаворит е составот на Блокотехна од Гевгелија, кој сезонава од девет одиграни натпревари бележи само еден пораз и е на второто место во табелата, веднаш зад екипата на Работнички која не бележи пораз од почетокот на сезоната.
Од друга страна кошаркарите на Куманово се на 5та позиција, со 5 победи четири порази, веднаш зад МЗТ и Гостивар кои се на третата, односно четвртата позиција.
На мечот нема да настапи Американецот Грифин Раме, кој спогодбено го раскина договорот со клуб, а не настапуваше и на претходните неколку натпревари по претходно здобиената повреда.