НАСА објави дека открила соларен систем со еднаков број планети како што има и во Сончевиот систем.
НАСА со помош на телескопот Кеплер претходно откри седум планети кои кружат околу ѕвездата Кеплер-90, која изгледа како нашето Сонце. Меѓутоа, научниците денеска објавија дека откриле и осма планета во системот со помош на технологијата за вештачка интелигенција на Google.
Осмата планета е откритна со помош на компјутер кој ги обработувал податоците од вселенскиот телескоп на Кеплер и барал сигнали кои би можеле да доаѓаат од планети. Ова откритие укажуа дека и меѓу претходно собраните податоци можат да се најдат информации за соларните системи кои се уште не се откриени. Кеплер собира податоци повеќе од четири години и притоа прегледал 150.000 ѕвезди, наведуваат научниците.
Планетите во откриениот соларен истем се многу блиски една до друга, за разлика од нашиот систем, но тој е многу стабилен.
– Системот на ѕвездата Кеплер-90 е како мини верзија на нашиот соларен систем. Малите планети се внатре, а големи однадвор, но сите за збиени многу блиску една до друга, изјавил астрономот на НАСА, Ендрју Вандербург.
https://youtu.be/lxpxd5ghOiI
Loading...