Левица: Наместо новогодишно украсување Општина Куманово да организира прифатилиште за бездомници
On:
Сподели со своите пријатели
Локалниот огранок на Левица од Куманово преку партиско соопштение реагираше на одлуката, Општина Куманово да издвои 1,7 милиони денари за новогодишното украсување на градот, кое според нив во време на сиромаштија и загаден воздух нема никого да развесели.
Наместо тоа, партијата бара Општина Куманово со средствата да изгради прифатилиште за бездомните граѓани.
Наместо да глумиме нормалност, треба да почнеме така да се однесуваме, што значи дека треба да дејствуваме соодветно на реалните проблеми и потреби со кои се соочуваме. Затоа ви предлагаме предвидената сума наменета за украсување на градот да ја пренамените за организирање на прифатилиште, во коешто ќе се сместат бездомните граѓани во овие зимски периоди. Изборот е ваш, или ќе подадете рака кон загрозените и беспомошните сограѓани или ќе ги оставите да презимат во запуштените и руинирани хотели на милост и немилост на студот. Со ова не се решаваат сите проблеми, но ова ќе претставува еден гест на човечност, солидарност и социјална одговорност, стои во соопштението на Локалниот огранок на Левица Куманово.