МВР доби 45 „шкоди“ од Чешка (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во Министерството за внатрешни работи денеска беше предадена чешката донација од 45 возила марка „Шкода“, вредна околу милион евра.

 

 

Возилата ќе ги користат граничната полиција и полициските станици во граничните подрачја.

 

 

Донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски официјално му ја предаде амбасадорот Мирослав Томан.

– Република Чешка особено во време на мигрантската криза даде извонреден придонес за зајакнување на капацитетите на македонската полиција. Нивната финансиска и материјално-техничка помош веќе надминува два милиона евра. Со оваа донација набавени се возила кои ќе служат и за граничната полиција, но и за полициските станици кои се во граничните подрачја со цел да се зголемиме ефикасноста на полицијата, а со тоа и безбедноста на граѓаните, рече Спасовски.

Амбасадорот Томан истакна дека Република Чешка со задоволство и помага на македонската полиција и тоа ќе го прави во иднина.

– Со министерот Спасовски разговараме како понатаму Република Чешка да му помогне на МВР. Република Чешка не помага само финансиски, туку на јужната граница е веќе 14. контингент чешки полицајци кои помагаат јужната граница да биде што побезбедна. Соработката меѓу македонските и чешките полицајци е одлична и во следната 2018 година ќе продолжиме со истиот број полициски службеници, истакна Томан.

 

 

Од 2016 година досега во обезбедувањето на јужната граница учествуваа 534 чешки полициски службеници, а реализацијата на проектот е предвидена и за наредната 2018 година.

 

 

Извор: МИА