Министерството за локална самоуправа со буџет од 443.594.000 денари во 2018

Сподели со своите пријатели

Предог буџетот на Министерството за локална самоуправа за следната година изнесува 443.594.000 денари и според ресорниот министер Сухејл Фазлиу е развојно поттикнувачки за намалување на развојните разлики меѓу планските региони, воедначен пристап до услугите за сите граѓани и подобрување на условите за живеење во сите општини.

Фазлиу рече дека со буџетот максимално се намалени непродуктивните и нерационални трошења и оти за сметка на тоа се инвестира во проекти за рамномерен  регионален развој со кои што ќе се поттикнува развојот на планските региони на подрачјета со специфични развојни потреби и на селата.

Како што потенцираше, за рамномерен регионален развој за следната година, споредено со годинава, заедно со буџетот на Бирото за регионален развој, се планирани за 70 проценти повеќе пари или за 100 милиони денари повеќе. Парите ќе се распределуваат согласно степенот на развиеност. Најмногу средства се предвидени за проекти за најмалку развиениот, Североисточниот плански регион, а најмалку за најразвиениот Скопскиот плански регион.

Врз основа на барањето за дополнителни средства за завршување на изградбата на плоштадот Скендербег, рече Фазлиу, Владата донела заклучок 125 милиони денари да бидат проектирани и предвидени во Буџетот на Министерството за локална самоупрва за следната година.

За кофинансирање проекти за прекугранична соработка, финансирани од ИПА програмата на ЕУ, со буџетот за следната година се предвидени 40 милиони денари. Во буџетот за 2018 година се определени и три милиони денари за имплементација на локалните акциски планови  во единиците на локална самоуправа, подгтвени врз основа на Стратегијата за Ромите во РМ.

Одговарајќи на новинарски прапања министерот рече дака во разговор  со премиерот и другите ресори во Владата се разговара да се најде решение за долговите на општините. Една од можностите, како што рече,  е да се помогне општините да ги репрограмираат долговите и да им се овозможи со кредити со минимални каматни стапки да ги пролонгираат долговите за да може да функционираат. Ова е една од варијатните која се дискутира но се уште нема ништо конкретно во таа насока, наведе Фазлиу.

Извор: МИА