Околу 65.000 земјоделци кои остваруваат приход до еден милион денари, на почетокот на секоја година ќе го добијат назад персоналниот данок кои им се задржувал претходните 12 месеци.
Како што соопшти денеска ресорниот министер Љупчо Николовски, овие земјоделци ќе бидат ослободени и од административни трошоци, односно од обврската да поднесуваат даночни пријави. Тоа во нивно име ќе го прават откпувачите.
– Со измените на Законот за персонален данок на доход, досегашното осолободување до 300.000 денари приход ќе се претвори во целосен поврат на данокот за приход до еден милион денари што значи, околу седум милион евра, наместо да одат кај државата како досега, ќе се пренасочат кај земјоделците, истакна министерот на прес-конференција.
Извор: МИА

