Денеска и утре неколку кумановски села без струја

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот и утрешниот ден неколку села во кумановскиот крај ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Денеска во период од 08:15 до 16:00 часот прекини на електрична енергија ќе има во селата: Бабин Дол, Билановце, Краста, Студена Бара, Пчиња, Вакв и Винце.

Во период од 08:30 до 16:00 часот утре (петок) прекини во снабдувањето со струја ќе има за жителите од селата:  Пелинце, Коинце, Алгуња, Челопек, Мглинце, Никуљане и Враготурци.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.