Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека забрзано ќе оди во насока за формирање коалиција со германските социјалдемократи, нагласувајќи дека само таква коалиција ќе помогне за формирање стабилна влада, неопходна за предизвикувачки вермиња во Европа.
Изразувајќи интерес за јакнење на европското единствено, Меркле наговестува дека се подготвува голема коалиција на најголемите партии во Германија, нејзината Христијанско-демократска унија (CDU) и Социјалдемократската партија на Германија (SDP) предводена од Мартин Шулц.
Двете партии ќе ги започнат преговорите за можно продолжување на коалицијата од претходните четири години, меѓутоа, агенцијата АП оценува дека не е сигурно дали ќе дојде до формирање на коалиција.
Меркел, меѓутоа вели дека е убедена дека стабилната влада е основа на која Германија може најдобро да работи со Франција и за Европа.
– Не претерувам кога велам дека целито свет чека на нас да бидеме во можност да делуваме, рекла Меркел по состанокот на својата партија, со цоенка дека малцинската влада во никој случај не би била стабилна.
Социјалдемократите соопштија дека разговорите за новата влада ќе бидат отворени, но и дека ќе ја разгледаат поддршката за малцинска влада.
Лидерот на партијата Мартин Шулц, ја споменува и идејата за Соединети Европски Држави, која се уште не и се допадна на партијата на Меркел.
Тој во четврток на конгресот на партијата добил поддршка за јасна визија на Европа и ги повика на формирање Соединети Европски Држави до 2025 година.
Во случај двете страни да на формираат коалиција, опциите се или формирање малцинска влада на чело со Меркел или нови избори.
Претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер јасно даде до знаење дека не сака нови избори.