Научниците убедени дека пронашле живот надвор од нашиот систем

Сподели со своите пријатели

Мистериозното огромно небесно тело кое допатува од вселената во Сончевиот систем ќе биде проучувано за да се потврди дали во него има траги на вонземска технологија.

Телескопот „Грин Бенк“ ќе го испитува овој објект кој минува низ Сончевиот систем, барајќи сигнали на вонземјани. Испитувањата ќе се извршат од страна на глобалното астрономско здруженеи „Брејктру Лисен“ кое трага по вонземски живот.

АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

Loading...

– Присуството на Oumuamuae во Сончевиот систем даде шанса да испитаме можност за вештачки траги на објектот и да ја демонстрираме нашата способност да ги следиме објектите кои се движат брзо во нашата близина. Било објектот да е со природно или вештачко потекло, тој е одлична цел за нас, рекол Едру Симон, директор на здружението.

Небесното тело е во форма на цигара и првин го забележале астрономите на Хаваи и го нарекле „Oumuamua“ по хавајскиот израз на „гласник“.

Астрономите ќе го истражуваат телото со помош на радио сигнали. Сепак веруваат дека е од природно потекло, токму поради невообичаената форма.

Телото е десет пати подолго од својата широчина, а останува запаметено во историјата како прво детектирано небесно тело кое потекнува надвор од Сончевиот систем.