Расфрлан отров на Градскиот кеј во Куманово

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на социјалните мрежи предупредуваат дека утринава непознати лица расфрлале отров за кучиња на Градскиот кеј во Куманово.

Кејот важи за место каде се собираат секојдневно дваесетина кучиња скитници, воедно опасни, но важи и за место каде граѓаните на Куманово ги шетаат своите миленици.

Според граѓаните, отров има расфрлано на потегот на цела Октомвриска револуција, но и околу Спортската сала.

Токму од тие причини на социјалните мрежи се алармира граѓаните да внимаваат каде ги шетаат своите кучиња, но и да внимаваат за личната безбедност, бидејќи отровот е штетен и по луѓето.