Италијанскиот астронаут Паоло Несполи објавил снимка од поларна светлина – аурора бореалис, снимена од Меѓународната вселенска станица.
Снимени се неколку ноќни фотографии на 5 декември кои подоцна биле споени во кратко видео.
Несполи работи на Меѓународната вселенска станица во рамките на долготрајната мисија ВИТА која е во надлежност на Италијанската вселенска агенција.
Поглед за паметење: Од кревет во стаклено игло следете ја поларната светлина (видео)
Loading...
Италијанскиот астронаут направил неколку снимки вклучувајќи поглед на Персиски залив, но и движење на огнената топка кон Земјата.
Аурора или поларната светлина е сјај на ноќното небо, обично видливо на големи географски широчини.
На северот таа појава се нарекува северна зора – арурора бореалист, а на југот аурора аустрилис (јужна зора).
Поларната светлина обично се појавува на небото во септември и октомври и март и април.