Претседателот на Државната изборна комисијата (ДИК) Александар Чичаковски денеска за МИА изјави дека поднел барање за престанок на функцијата претседател на Комисијата.
Оставката, рече Чичаковски, е негов личен чин.
Чичаковски оставката ја поднесе откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси и интернет петицијата за оставка на членовите на Комисијата.
Мандатот на овој состав на комисијата истекува во 2020 година. Чичаковски е прв човек на ДИК од редот на експертите од 2015 година по постигнувањето на Пржинскиот договор.
Засега нема информации дека и други членови на ДИК си поднеле оставка, иако некои од нив потврдуваат дека веќе им се напишани.
Извор: МИА

