Руски астронаут ќе мора да игра „криенка“ во вселената

Сподели со своите пријатели

Нов екипаж од тројца астронаути на 17. декември заминува на Меѓународната вселенска станица, а еден од нејзините членови, Русинот Антон Шкаплеров ќе има посебна мисија – ќе мора да се игра „криенка“.

Вселенската мисија тргнува во орбитата со руското летало „Сојуз МС-07“, а освен Шкаплеров во екипата се и Американецот Скот Тингли и Јапонецот Норишиге Канај.

Зошто Земјата свети од вселената?

Loading...

Членовите на екипажот ќе продолжат со експериметите кои моментално се одвиваат на Меѓународната вселенска станица, но Шкаплеров ќе има една многу посебна задача – ќе игра „криенка“ со Земјата.

Антон ќе носи посебен сензор кој ќе овозможува на Центарот за контрола на мисиите да го лицира нар азлични подрачја на станицата.

Тој ќе мора да се крие од остатокот од човештвото во рамките на епскериментот под името „Визир“ чија цел е тестирање на ситемот за следење на астронаутите.

Драма во руската Вселенска агенција: Изгубен контакт со сателитот

Тој систем ќе биде користен во случај на опасни ситуации, вклучувајќи пожар.

 

 

Меѓународната вселенска станица е „дом“ со големина 110х70 метри. Во итни случаи астронаут може да биде блокиран во било кој дел и може да дојде во животна опасност.

За да се избегне тоа, ќе биде спроведен експериментот „визир“ за да експертите на Земјата кои управуваат со летот можат во секој момент да одредат локација на астронаутот.

СВЕТОТ ВО ЧУДО: Откриен скелет на дете вонземјанин стар 2.000 години (видео)

Четири применици за сигнали од сензорите ќе работат на рускиот модул „Ѕвезда“ и ќе обезбедуваат податоци за сите системи заодржување живот на Меѓународната вселенска станица – тие ќе ги пренесуваат информациите за локацијата на Шкаплеров.

Во иднина научниците планираат да постават слични емитери на сите модули на Меѓународната вселенска станица, наведува „Руска реч“.