Исклучителен, 530 милиони години стар фосил содржи веројатно најстаро око некогаш откриено, соопштуваат археолозите.
Остатоци од изумрено морско суштество содржат примитивна форма на око какво денеска може да се пронајде кај ракови, пчели или вилински коњчиња.
Во гробница во Египет пронајдена мумија стара 3.500 години (фото)
Loading...
Ескпертите го откриле со анализа на добро сочувани остатоци од трилобит пронајдени во Естонија.
Тие предци на пајаци и ракови живееле во морињата во периодот на палеозоикот, пред 541 до 251 милион години.
Археолозите потврдиле дека древното суштество имало примитивна форма на композитно око, оптички орган кој се состои од сплет на ситни клетки познати како оматидија, слични на оние кај денешните пчели.
– Овој фосил ни покажува како претходните животни го гледале светот околу себе. Она што е извонредно е што открива дека стуктурата и функцијата на окото не се промениле скоро нималку во последните 500 милиони години, вели професорот Јуин Кларксон од Универзитетот во Единбург.
ФАСЦИНАНТНО ОТКРИТИЕ: Пронајдени посмртните останки од Буда?
Студијата, спроведена во соработка со Универзитетот во Единбург, Келн и Талин, објавена е во научното списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“.