Според извештаите на порталите TechCrunch и Bloomberg, компаниајта Apple планира да ја купи Shazam, компанијата која стои зад популарниот софтвер и апликација за препознавање песни.
Според изворите со кои овие портали разговарале на темата, договорот би можел да биде објавен денеска, додека останатите податоци за преземањето не се познати.
Loading...
Аквизација за Apple ќе обезбеди соственост над технологијата за препознавање музички, ТВ и филмски содржини, а која би можела да ја имплементира во своите производи.
Shazam веќе работи и на iOS и OS X/macOS платформи, а апликацијата има и можност за слушање содржини кои се во позадината, па на тој начин идентификува песна или видео запис, што би можело да биде корисно во рамките на технологијата за паметни звучници кои компанијата Apple би ги произведувала во иднина.
Технологијта од компанијата Shazam е повеќе од аудио идентификација, од 2015 година овозможено е и препознавање на запакувана стока, книги, списанија, за што Apple исто така би можел да биде заинтересиран.