Вчера во 17,00 часот во Полициска станица – Куманово од Медицинскиот Центар-Куманово, било пријавено дека кај нив била донесена повредена В.Д. (53) од Старо Нагоричане, која истиот ден околу 13,30 часот додека работела во фабрика лоцирана во село Драгоманце, паднала и се повредила во пределот на двете стапала, при што се здобила со тешки телесни повреди и како итен случај била пренесена на лекување во Ургентниот Центар-Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР- Куманово во присуство на инспектор од Државен инспекторат за труд.