Балканскиот рис ставен во Бернската конвенција како критично загрозено животно

Сподели со своите пријатели

Во рамки на 37-та средба на постојаниот Комитет на Бернската Конвенција на 5 декември овој месец во Стразбур, балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) е ставен во Прилог бр. 2 на Бернска конвенција по иницијатива на албанското Министерство за туризам и животна средина.

Според Програмата за заштита на балканскиот рис, спроведувана од Македонско еколошко повеќе од десет години, ова претставува големо признание и чекор напред кон заштитата на ова критично загрозено животно, присутно само на Балканот.

– Овој успех дава поголем акцент на заштитата на балканскиот рис. Европските конвенции ја препознаваат важноста и итноста за поголема легална заштита на овој вид. Ова признание игра улога и во спречување на нелегални и непотребни активности во подрачјата каде што рисот е распространет и секако дека ќе помогне во борбата за заштита на рисот, изјави Диме Меловски, раководител на Програмата за заштита на балканскиот рис од Македонско еколошко друштво.

Според експертите се проценува дека шумите во Западен Балкан се населени од помалку од 50 возрасни единки а целата популација се состои од 20 до 39 возрасни единки.

Досега присуство на балкански рис е потврдено во Западна Македонија, посебно во и околу националниот парк „Маврово“, како и планините Мунела, Шебеник и Албанските Алпи во Албанија. Според последните истражувања со фото замки потврдено е присуство на најмалку две единки во Западно Косово. Присуството на балкански рис во Црна Гора и Грција се уште не е потврдено.

Во сите земји илегалниот лов на рисот и неговиот плен (срна, дива коза и зајак) претставува главна закана. Дополнителни закани за опстанокот на рисовите е уништувањето на шумите и инфраструктурните проекти кои ги разделуваат нивните живеалишта.

Извор:МИА

Loading...