Амбасадите на Соединетите Американски Држави на Блискиот исток и во Европа ги предупредија своите граѓани кои патуваат или живеат на тие простори за можни насилни протести откако америакнскиот претседател Доналд Трамп објави дека го признава Ерусалим како главен град на Израел.
Неколку минути по неговата објава, амбасадите во Турција, Јордан, Германија и Велика Британија ги предупредија Американците да бидат внимателни и претпазливи. Се очекува дека истото ќе го направат и другите амбасади.
Трамп ја сели амбасадата во Ерусалим, Палестинците најавија „три дена гнев“