Изложбата „Младите творат додека градот спие“ во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Младите од Куманово вечерва преку изложбата „Младите творат додека градот спие“ на десетина уметнички дела ги искажаа проблемите со кои се соочуваат во заедницата во која што живеат.

 

 

Дваесетина млади волонтери од градот имаа можност да творат на различни теми, преку Академијата за млади лидери на Центарот за интеркултурен дијалог.

 

 

Целта на овој проект, како што истакна Флорим Реџепи од ЦИД, е градење на младинските капацитети за организиање иницијативи и активности со цел потикнување на меѓукултурното дружење и активизмот.

– Тие во Куманово имаа 15 специфични обуки кои тие сами ги поставија во текот на првата петдневна обука и преку тие сецифични обуки добија специфични квалификации за да денеска организираат настани од ваков тип.  Горди сме што оваа изложба беше организирана од самите волонтери кои сами ги повикаа учесниците и ги детектираа проблемите и го организираа настанот на многу креативен начин, затоа што досега помладите генерации имаат интересни идеи и иницијативи како да дојдеме до застапување на одредени прашања, изјави Реџепи.

 

 

Поделени во различни групи младите од Куманово имаа можност да творат на посебни тематики, меѓу кои иницијатива за јавниот превоз и човековите права во градот.

– Многу сме задоволни овој проект, бидејќи дојдоа голем број на млади за да си ги искажат своите проблеми, но и други луѓе од општината кои исто така се засегнати од овој проблем. Целта на овој проект беше да ги прикажеме проблемите со кои ние младите се соочуваме во нашата средина користејќи ја уметноста како алатка и со тоа да им ги презентираме на оние засегнати страни, односно релевантни институции. Овој проект е организиран од ЦИД Академија за млади лидери, во овој проект беа вклучени околу 30тина млади и околу 5-6 луѓе го организираа овој проект, изјави Емилија Тодоровска, ученик во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

 

 

Во рамките на промоција на човековите права во текот на овој месец ЦИД ќе организира уште еден настан на кој преку музика од локалните младински бендови ќе ги запознава младите за нивите права преку „Рајтс фест“.