Тарчуловски и Пешевска се појавија пред суд, се очекуваат останатите четворица

Сподели со своите пријатели

Шестмината пратеници осомничени за учество во насилствата во Собранието на 27 април денеска се на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

Досега се пристигнати пратениците Јохан Тарчуловски и Жалина Пешевска, а се очекуваат и Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Во петокот, Собранието на Република Македонија им го симна имунитетот, а известувањето до Кривичниот суд од Парламентот пристигна вчера по што тоа беше доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадоа услови да се постапува по предлогот на обвинителството.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Текст: МИА фото: НоваТВ.мк