Неколку улици во кумановско без вода

Сподели со своите пријатели

Прекин со водоснабдувањето поради дефекти од утрово се регистрирани на повеќе локации во Куманово.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода се булеварот „Октомвриска Револуција“ и улиците: „Ѓуро Ѓаковиќ“, „Васа Пелагиќ“, „Есперанто“, „30ти Јули“ и „Ѓуро Пуцар Стари“.

Екипите на Јавното претпријатие Водовод се на терен и работат на отстранување на дефектите.