Ирското прашање ги пореметува плановите за „Брегзит“

Сподели со своите пријатели

Тереза Меј во Брисел наводно прифатила мека граница помеѓу две Ирски, но тоа го налутило нејзиниот коалиционен партнер, па договорот е одложен.

„Кажете ми зошто го сакам понеделник“, твитнал Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, додавајќи дека е охрабрен со телефонски разговор со ирскиот пермиер Лео Варадкар за напредокот на ирскиот брегзит.

Твитот се појави вчера поплдане, кога во медиумита се појави веста дека британската влада го поддржува барањето ан Република Ирска, дека Северна Ирска по брегзитот не ги исклучува од клучните прописи на Европската унија.

 

Loading...

 

Со тоа би се спречил повраток на цврстата граница на ирскиот остров и би се задржал слободниот пазар на стока и капитал по брегзито, кога Северна Ирска, со оглед дека е во составот на Велика Британија, ќе се одели од ЕУ, а со тоа и од Република Ирска.

Тоа било барањето на владите во Далбин и Брисел, на кое од Лондон долго се очекувал позитивен одговор. Но, се испоставило дека понеделник не бил така среќен по Туск и дека британската премиерка ниту вчера не можела да потврди дека тоа барање ќе се исполни.