Одбојкарките на Куманово забележаа нова победа во рамките на Првата лига за дами, откако на гостински терен го поразија составот на Виктори Волеј со резултат 2:3 во сетови.
Кумановки моментално се на втората позиција на табелата, откако по 7 одиграни натпревари бележат 5 победи и два порази.
Со шест победи од седум одиграни натпревари, Универзитет Тетово е лидер со 18 освоени бода.