Рекорден број жени во редовите на војската на Израел

Сподели со своите пријатели

Израелската војска соопшти дека бројот на жени во борбените единици на восјката оваа година достигнал рекорден број.

Во текот на оваа година имало 2.700 жени во борбените единици, рекол неиуменуван официр на медиумите, повикувајќи се на податоци по ноемвриската регрутација.

Главната регрутација во израелската војска се спроведува во март и ноември. Најголемата регрутација на жени имало во мешовитите единици.

Воен рок од две и пол години е задолжителен за мажите, а две години за жените во Израел.

Официрот навел дека е зголемен бројот од 15 на 35 отсто жени граничари во последните неколку години.