Кошаркарите на Куманово го пречекуваат Пелистер

Сподели со своите пријатели

Вечерва од 19 чсот во Спортската сала Куманово, кошаркарите го пречекуваат составот на Пелистер во рамките на осмото коло од домашниот шампионат.

„Сино-белите“ моментално се на осмата позиција во табелата, со четири порази од седум одиграни натпревари.

Клубот кој претходно поради финансиски проблеми го откажа учеството во БИБЛ лигата, од завчера е засилен со кошаркарот Бобан Стајиќ кој од МЗТ преминува во КК Куманово, со надеж дека ќе добие повеќе минути на паркетот.