Променливо облачно со повремени врнежи од дожд ќе биде и денеска во Македонија. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и источните делови од државата каде локално ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен, а во јужните делови ќе има и услови за грмежи.
На планините над 2000 метри надморска височина ќе има повремен слаб снег. Температурата ќе се движи од 5 до 13 степени.
Во Скопје слично време со температурата до 10 степени.
Во ноќните часови и во недела претпладне ќе има врнежи кои ќе бидат поинтензивни на западот.
Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините краткотрајно ќе има провејување на слаб снег.
Извор: МИА

