Во Куманово одбележан Светскиот ден за борба против СИДА-та

Сподели со своите пријатели

Општинската организција на Црвениот крст Куманово и Асоцијацијата на здрави животни стилови „Пулс“ денеска го одбележаа 1 Декември, Светскиот ден за борба против СИДА-та.

На градскиот плоштад се одржа и акцијата „На секој му треба топлина, стопли срце“, во која се вклучи и хуманитарната организација „Крепост“.

Волонтерите од општинската организација на Црвениот крст заедно со претставници на асоцијација на здрави животни стилови „Пулс“ делеа едукативни материјали. Целта на акцијата е да се запознаат кумановци за како да се заштитат себе си и другите од ХИВ, а стигмата и дискриминацијата на лицата заболени од оваа болест се уште постои.

– Го одблежуваме овој ден, се вклучуваме во акцијата во која што собираме бесплатни јакни од луѓето на кои штоп не им се потребни и ги дистрибуираме на лицата на кои што најмногу им се потребни на бездомните, лицата на улица, сиромашните, Наташа Трајковски од „Пулс“

Марио Андевски, од хуманитарното здружение „Крепост“, додаде дека е исклучително значајно во овој период од годината, да е собере облека за најранлвите категории граѓани.

Оваа акција се организира веќе 12-ти пат по ред.

Извор: МИА