Вардар се излеа во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дождот што од вчера интензивно врне предизвика излевање на Вардар во Скопје. На повеќе места поплавен е кејот на Вардар во центарот на Скопје, а излевања има и на други места.

УХМР предупреди дека покрај на Вардар, можно е излевање и на Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, горниот тек на Вардар и нивните притоки.

 

 

Поради ваквата состојба, надлежните предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолите.

Текст и фото: МИА