Тага и солзи во очите и на оштетените и на обвинетите за смрта на малиот Петар, во судницата во Основниот суд во Куманово , каде денеска започна судскиот процес за трагично згаснатиот живот на малолетното дете кое загина при несреќен случај во лифтот во зградата во која живеело.
Од 4 обвинети субјекти двајца од субјектите , едно физичко и едно правно лице ја признаа вината поради која дел од пропустите по член 31 од законот за техничка инспекција трагично заврши животот на шестодишно дете.
„По 18 месеци од трагичниот настан никој од нив не изрази ниту сочуство ниту каење , а сега е доцна . Се работи за мало дете кое го загуби животот поради неодговорно работење на субјекти кои имаат и законска и морална одговорност да постапуваат и се грижат за животот на семејствата кои живеат во зградите и да се грижат и за лифтовите. Сметам дека судот треба да додели правилна санкција која ќе влијае и воспитно како на обвинетите така и во иднина и очекуваме казна согласно со законот“ – вели Христијан Георгиевски правниот застапник на оштетеното семејство Петковски.


