Домашен притвор за службеничката во Собранието од Куманово

Сподели со своите пријатели

Куќен притвор е одреден за Е.Б. службеничка во собрание на Македонија од Куманово која вчера беше приведена како осомничена за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на спроведените лица во судот во однос на предлогот на обвинителството, донесе решение со кои за Е.Б. од Куманово службеничка во собранието и одреди мерка куќен притвор.

За останатите лица, за кои се уште не е завршено сослушувањето, по донесено решение на судија на претходна постапка во однос на предлогот на обвинителството, јавноста ќе биде информирана денеска преку соопштение на веб-страницата на судот со целосна информација за донесените решенија, се додава во соопштението.

Од крвавиот четврток  во собранието поминаа  седум месеци, а судскиот епилог досега брои 9 условно осудени,  4 годишна казна затвор за напаѓачот на актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска. За обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во притвор се 10 лица од кои 8 како соизвршители.

Од Куманово се приведени три лица меѓу кои Игор Југ, на кој му е продолжена мерката притвор , В.М. и Е.Б.