Иванов: Граѓаните од „Заедничка Македонија“ да не се третираат како терористичко здружение

Сподели со своите пријатели

За настаните од 27 април одговорност мора да има, но одговорноста не смее да се генерализира, мора да се почитуваат човековите права и презумпцијата на невиност, и да се внимава на квалификациите на кривичните дела, изјави во вечерашното обраќање до јавноста претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

– Ја поддржував и ја подржувам иницијативата „За заедничка Македонија“. Учесниците во неа, граѓаните, сплотени ја демонстрираа идејата за заедништво и тие не смеат да бидат третирани како терористичко здружение. Со реваншизам и со демонстрација на сила се генерира поларизација. Повикувам на разум и одговорност на надлежните институции кои мора да го почитуваат Уставот и законите. Граѓаните очекуваат решенија, а не проблеми, истакна Иванов.

Според него, со реваншизам и демонстрација на сила се генерализира поларизација на општеството, состојба со која не можеме да постигнеме напредок во евро-атлантските процеси.

Иванов истакна дека граѓаните на Република Македонија очекуваат решенија, а не проблеми, очекуваат благосостојба и просперитет, и оти нема ништо, како што кажа, „потрагично и поопасно од меѓумакедонски судир“.

Извор: МИА