Освен нивото на реката Вардар кај Јегуновце, кај сите остантите реки во државата водостојот е под просекот за ноември.
Според денешните мерења направени од УХРМ, најкритични се нивоата на реките Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун, кои се далеку под ноемврискиот просек.
Кај езерата малку над нивото е Дојранското Езеро, додека околу просекот се нивоата на Охридското и Преспанското Езеро.
Извор: МИА

