Голема количина средства за чистење и препарати за лична хигиена запленети ан ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите две седмици се откриени повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани средства за чистење, средства за лична хигиена, додатоци на исхраната, обувки и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 96 литри и 20 килограми препарати за чистење (пасти и концетрати за садови, теписи, подови, облека, стакло, санитарии и омекнувач за облека), 30 литри препарати за лична хигиена (крема за раце, алкохолен гел за раце, шампон за коса течен сапун и млеко за тело), 40 дезодоранс-стикови, 6 стикови за усни, 4 кесички за абсорбирање на мирис и 52 пирамиди – абсорбери за мириси, откриени при контрола на српски автомобил биле пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи, пронајдени во три патни торби, сместени на задното седиште и пред совозачкото седиште, се
привремено задржани, а против сопственикот, српска државјанка која патувала со автомобилот, ќе биде поведена прекршочна постапка.