Студено и ветровито до среда, од четврток потопло и дожд

Сподели со своите пријатели

Студено и ветровито време со повремен слаб снег, најавува УХМР за утре и задутре.

Минималната утринска температура во среда ќе се спушти до минус 10 степени целзиусови, а дневната ќе се движи во интервал од три до осум степени.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток. На повисоките планини ќе има и врнежи од снег. Во четврток ќе дува повремено засилен југоисточен ветер, а од петок утринските температури насекаде ќе бидат над нулата.

Извор: МИА