Повеќе од 30 мигранти го загубиле животот во две бродски несреќки крај брегот на Либија, соопштува либиската морнарица, истакнувајќи дека околу 200 лица се спасени.
Според функционерите од крајбрежната стража, во тек се две спасувачки опрации кај Гарабули, 60 километри источно од Триполи.
Во едната операција се откриени 31 безживотно тело и 60 преживеани, додека во другата околу 140 мигранти биле спасени.