Во септември 71,2 отсто од потрошената струја од домашни извори

Сподели со своите пријатели

Македонија во септември годинава вкупно потрошила  506.157 мегават часови електрична енергија, 13.336 милиони нормални метри кубни природен гас, 391.928 тони јаглен и 85.266 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 71,2  отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а  96,8 отсто од вкупната количина јаглен е употребено за производство на струја.

Извор: МИА