Кумановец запалил бензин до тротоар, опожарено едно возило

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 19,10 часот во Куманово на улица „Никшиќка“ непознато лице истурило и запалило непозната запалива течност најверојатно бензин до тротоарот, каде било паркирано патничко моторно возило „Опел Тигра“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Љ.М.(72), информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од предизвиканиот пожар се запалил дел од патничкото моторно возило  (браникот и регистарската ознака). Пожарот е изгаснат од синот на оштетената.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.