Нови автобуски постојки во Куманово

Сподели со своите пријатели

Лиценцираните превозници, деновиве поставуваат нови автобуски постојки на булеварите во Куманово.

Според општината, со тоа се реализира првата фаза од договорот со општината за поставување нови и реконструкција на постоечките автобуски постојки во градот. Освен новите постојки, деновиве се заменуваат и клупите во централното градско подрачје.

– Немаме намера да застанеме во делот на поставување ваков тип на урбана опрема, туку веќе реализиравме и обновување на самите клупи во централното градско подрачје. Распишана е постапка и за набавка на допонителна комунална опрема и поставување нови клупи  и корпи за отпадоци во градското подрачје, изјави, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој упати апел до граѓаните да се однесуваат одговорно кон постојките и она што е заеднички општествен имот, од кој, рече, корист ќе имаат граѓани кои што го користат јавниот превоз.

До крајот на годинава ќе бидат поставени вкупно 24 автобуски постојки.