Локален совет за превенција во Куманово за претстојните најави за ниски температури

Сподели со своите пријатели

Кои мерки да ги преземат надлежните институции по најава на Управата за хидрометеоролошки работи за врнежи од снег и ниски временски температури на територијата на Македонија во наредните денови, беше тема на денешниот локален совет, којшто го организираше Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, а присуствуваа претставници од СВР Куманово, локалните самоуправи, државните и јавните претпријатија.

Тие дискутираа за подготвеноста на институциите, превенцијата и справувањето со очекуваните ризици, кои можат да настанат по евентуални обилни количини на снег, а ги определија и приоритетите на работење.

Претпријатијата во рамки на своите надлежности треба да преземат соодветни мерки за превенција од еветуални појави очекувани за овој период од годината.Локалните власти треба да се координираат со државните институции и органи кои пак, законски се обврзани да дадат препораки и насоки за одредено делување.

– Системот предвидува привичниот одговор во справување со ризици и опасности ,без разлика од која категорија и да се тие, првичниот одговор да го даваат едениците на локална самоуправа. Во неможност за справување со таквите состојби со ограничените капацитети и ресурси расположливите и техничките можности, секако дека се активира регионалниот центар за управување со кризи кој има ингеренции за систем на изведување координирани активности во делот на регионалната и националната координација, изјави Горан Стојановски од РЦУК Куманово.

Тој потенцира дека дел од единиците на локалните самоуправи од североисточниот регион немаат финансики капацитети и можности, пред се руралните општини, за да одговорат поконкретно на предизивиците со кои ќе се соочат.

– Точно е дека се јавуваа потешкотии од ланската година, научените лекции се многу важни во однос на приодот, атоа започнуваме нови моменти, седнуваме се договораме за да излеземе пред граѓаните и да не се правдаме дека состојбата не затекла, изјави Стојановски.

Од Центарот за управување со кризи посочија за соработката која ја имаат со Црвениот крст кој располага со доволни количини ресурси за првична помош на граѓаните. Инаку, единиците на локалните самоуправи, сите координаци со државните органи, министерства ќе треба да ги реализираат преку општинските штабови за заштитата за спасување. Од РЦУК најавија дека ќе одржат локален координативен состанок со градоначалниците на шесте општини од североисточниот регион.

Извор: МИА