Двајца кошаркари од тимот на Куманово се најдоа на репрезентативниот списот на селекторот Јорданчо Давитков.
Станува збор за кошаркарите Димитар Караџовски и новото засилување на „сино-белите“ Адем Мекиќ,
Покрај двајцата „кумановци“ на списокот се најдоа и Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Бојан Крстевски, Ненад Димитријевиќ, Дарко Соколов, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски и Бојан Трајковски.
Во составот на репрезентацијата по долго време нема американски кошаркари, туку селекторот Давитков ќе се потпира на исклучиво домашни играчи. Неизвесен е настапот на Ѓорѓи Чековски и Бојан Трајковски кои се повредени.
Репрезентацијата ќе се натпреварува за пласман на квалификациите за Европското првенство кое ќе се одигра во 2021 година.
Првиот натпревар ќе се одигра на гостински терен на 23 ноември против Словачка.