Културно уметничкото друштво „Српски вез“ изминатиот период е доста активно. Имено раководството на „Српски вез“ на 4-5 Ноември беше во официјална посета на КУД „Браничево“ од Општина Голубац, Република Србија каде потпиша „Повелба за братимење“ со домаќинот, тоа значи дека двете друштва во иднина активно ќе соработуваат со цел ширење и унапредување на српската култура и традиција како и при размена на ансамби и заеднички настапи на концерти.
Исто така малата и средната група на „Српски вез“ овој викенд настапи на Манифестација во Кратово, покрај црквата „Св.Петка“ каде земаа учество Културно уметнички друштва од Пробиштип, Крива паланка и Кратово.