Повторно освоено последното упориште на џихадистите во Сирија

Сподели со своите пријатели

Сириската војска заедно со сојузниците повторно ја презеде контролата над Абу Камал, последното упориште на т.н. Исламска држава во Сирија.

Тоа го соопштија воените медиуми со кои управува либанското шиитско движење Хезболах.

Паднаа маските: Командантот на Исламската држава е американски спeцијалец

Loading...

Кон почетокот на месецот, сириската војска прогласи победа над ИД во Абу Камала, но џихадиските потоа изведоа контра удар користејќи сокриени ќелии во градот.

Протерувањето на ИД од Абу Камал значи дека само неколку села долж реката Еуфрат и делови на блиската пустина, како и други изолирани делови на државата, останале од тој калифат во Сирија кој се самопрогласи во 2014 година.