14 литри дожд наврнале во Куманово изминатото деноноќие
On:
Сподели со своите пријатели
Вкупно 14 литри дожд на метар квадратен наврманел на подрачјето на Општина Куманово во текот на изминатите 24 часа, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу дожд наврнал во Демир Капија, 100 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка, само два литри.
Во текот на ноќта како и утринава под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса од Медитеранот, насекаде во земјава времето е облачно со врнежи од дожд кои се пообилни во југоисточните и централните делови. Во крајните источни делови времето е облачно без врнежи од дожд. Дува слаб ветер од североисточен и југоисточен правец.
Облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 14 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и врнежливо време, со максимална дневна температура од 11 степени целизусови.
Под влијание на циклонска активност и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат на повеќе места во југозападните делови. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови.
Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има опаѓање на температурата и повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места и врнежи од снег.