Мина од 2001 година пронашол жител на село Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 14,30 часот во Куманово на патниот правец од село Слупчане кон селото Алашевце на м.в.Борово при собирање на шишарки, Ќ.Р.(55) од селото Ваксинце пронашол неексплодирана мина од минофрлач 66мм, која најверојатно потекнува од 2001 година, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на лице место извршила екипа при СВР-Куманово, во содејство со екипа од Антитероризам и истата е подигната од лице место за понатамошна постапка.

Известена е и Дирекција за заштита и спасување.