Одбележување на Светскиот ден на ромскиот јазик

Сподели со своите пријатели

Во Македонија денеска се одбележува Светскиот ден на ромскиот јазик.

Како што најави кабинетот на министерот без ресор Самка Ибраимовски, на настанот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука Рената Tренеска- Дескоска. Обраќања ќе имаат и министерот без ресор задолжен за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбите на Ромите Ибраимоски и проф.д-р Љатив Демир.

Искуствата од регионот ќе ги пренесат Љуан Кока од Србија, Вељко Гајдази од Хрватска, Јосиф Нунев од Бугарија и Даут Ќуланџиу од Косово. 

Извор:МИА