Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Царината и Универзитетот „Мајка Тереза“

Сподели со своите пријатели

Царинската управа на Република Македонија и Универзитетот „Мајка Тереза“ воспоставуваат долгорочна соработка. Меморандум за соработка денеска потпишаа заменик директорот на Царинската управа Лавдрим Велиу и в.д. ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Азиз Положани.

Меморандумот, како што соопшти Царинската управа на РМ, ја изразува намерата на страните потписнички за меѓусебна соработка и заедничката цел за воспоставување долгорочна соработка на полето на техниката, образованието и науката преку организирање и изведување практична настава за студентите на Универзитетот во рамките на неговата дејност и научните истражувања од областа на царинското работење.

Со потпишување на Меморандумот, Царинската управа и Универзитетот „Мајка Тереза“ изразуваат волја за унапредување на соработката и јакнење на меѓусебната помош. Заедничките активностите врз основа на потпишаниот Меморандум ќе се реализираат на иницијатива и покана на една од страните потписнички на меморандумот.

Извор: МИА