Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе ја разгледуваат Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Законодавно-правната комисија, пак, ќе ги разгледа Статутот на универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, Статутарната одлука за изменување и дополнување на статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ – Охрид, Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и неколку барања за автентични толкувања.
Извор: МИА

